Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, се пошегува дека повеќе нема да седи на клупата на тимот за да не ја уништи победничката серија. „Волчицата“ ги доби двата натпревари на кои Португалецот беше казнет и не го предводеше својот тим.
Стратегот на римскиот тим одлучи воопшто да не биде присутен на стадионот, туку натпреварите ги гледаше на лаптоп во клупскиот автобус.
„По натпреварот, Мурињо ни кажа дека ако се справуваме толку добро во негово отсуство, тој нема да се врати на клупата. Ме пофали што не добив картон на натпреварот. Не ми се случува често. Не се ни сеќавам кога последен пат ми се случи“, изјави одбранбениот фудбалер Џанлука Мансини.