Top Sport

Интер сериозно се подготвуваат за „операција Дибала“!

Интер сериозно планираат да потпишат со ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала, откако генералниот директор Бепе Марота направил план за трансферот кој ќе возбуди многу страсти во Италија, тврди „Ла газета дело спорт“.

Договорот на 28-годишниот Аргентинец завршува на крајот на сезоната, и неговиот агент Хорхе Антун ќе се сретне со клубот во четврток за да продолжат преговорите за можно обновување, но „Газета“ тврди дека тој ќе „сврати“ и до Милано на прва средба со Марота по бројните телефонски повици.

Интер не можат да му понудат скап договор на Аргентинецот како Јувентус (8 милиони евра по сезона и 2 милиони евра бонуси), но не се откажуваат од можноста да добијат силен фудбалер на бесплатен трансфер. Според „Газета“, новиот предлог на Јуве ќе биде помал од 7 милиони евра по сезона и тоа на само три години, бидејќи се загрижени за бројните повреди на Дибала, но и исфрустрирани што тој не ги прифати понудите на Тотенхем и Атлетико Мадрид пред две години.

Интер ќе мора да ослободи дел од ресурсите – договорите на Артуро Видал и Матијас Весино завршуваат во текот на летото, со што ќе се ослободат 16 милиони евра по сезона, а евентуалната продажба на Лаутаро Мартинез ќе значи дека е потребна и замена.

Scroll to Top