Top Sport

Жиру и Милан го освоија Неапол!

Трката за титулата во италијанската Серија А доби уште еден пресврт, откако Милан по две неубедливи ремија против драстично послаби екипи, успеа да слави на „Диего Армандо Марадона“ против Наполи и да се одвои на првото место на табелата.

Ако тимот на Стефано Пиоли стигне до скудетото во 2022 година, секако прво ќе треба да му се заблагодари на Оливие Жиру, откако Французинот повторно се покажа како клучен во голем меч, постигнувајќи го единствениот гол на мечот во 49. минута и докажувајќи дека не згрешија кога го донесоа ветеранот од Челси.

Во 19 меча досега во Серија А, Жиру има 8 гола и 2 асистенции, а подвигот во Неапол е поголем, бидејќи од 24. минута од мечот играше со голема исеченица на ногата. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер за Наполи, пред да биде заменет со Лоренцо Инсиње во 67. минута, а последните минути на теренот за Милан се појави и Златан Ибрахимовиќ по долгата пауза поради повреда.

Сега, „росонерите“ имаат 60 поени на врвот на табелата, два пред Интер (кои имаат и меч помалку) и три пред Наполи, додека никој не смее да ги отпише и Јувентус на четвртото место со 53 поени.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top