Top Sport

Роналдо пред дербито со Сити заминал во Португалија

Кристијано Роналдо не играше во катастрофалниот пораз на Манчестер јунајтед од градскиот ривал Сити (4:1). Португалецот, поради повреда, не беше во составот на „црвените ѓаволи“ и покрај тоа што дел од медиумите објавија дека Ралф Рагник од тактички причини не планирал да го почне натпреварот со него.

Сигурно е дека во клубот знаат кои се вистинските причини што Роналдо воопшто не беше присутен на „Етихад“.

Британски „Атлетик“, тврди, дека кога дознал дека нема да биде во стартниот состав, Роналдо решил да замине во Португалија. Ваквата неговата одлука ги изненадила сите во клубот.

„Дури и да е навистина повреден, се очекува тој да биде со екипата. Со своето присуство и советите се очекува да покаже дека е со соиграчите.Очигледно тој не размислува на тој начин“, пишува „Атлетик“.

Јунајтед до крајот на сезоната ќе имаат тешка задача да изборат место во Лигата на шампионите. Во наредното коло, Јунајтед ќе го пречека Тотенхем.

Scroll to Top