Челницте на Јувентус прават планови за летниот преоден рок. Високо на листата на засилувања котира играчот на Каљари, Раоул Беланова.
Беланова е десен бек, има 21 година, сезонава на 21 натпревар постигнал еден гол и забележал две асистенции.
Инаку, тој сезонава игра за Каљари како позајмен играч од Бордо. Екипата од Сардинија има опција да го откупи неговиот договор за 2.000.000 евра.
Планот на Каљари е да го откупи Беланова и веднаш потоа за 9.000.000 евра да им го продаде на Јувентус.
Беланова во младинските категории настапувал за Милан, во Бордо е од 2019 година.