Најдобрите два тима од минатото НБА првенство, Голден Стејт и Кливленд доживеаја нови пораз на почетокот на сезоната 2017/2018. Голден Стејт агуби од Детроит 107:115, а Њујорк славеше во дуелот со Кливелнд 114:95.
Кливленд од почетокот на сезоната има негативен скор три победи и четири порази, а последниот му го нанесе најлошиот тим на Истокот, Њујорк Никс кој по заминувањето на Кармело Ентони влезе во процес на реизградба на тимот.
Њујорк во Кливленд до победата 114:95 го предводеа Кристапс Прозингис со 32 поени и 12 скока, односно Тим Хардавеј јуниор со 34 поени, 4 скока и 8 асистенции.
Во редовите на Кливленд на вообичено ниво беше само Кевин Лав (22 поени, 11 скока), додека Леброн Џејм имаше учинок од 16 поени и 10 скока.
Голден Стејт игра нешто подобро од Кливленд, но и нивната коарка е далеку под стандардите за бранителот на титулата. Детроит во Оукленд ги победи шампионите со 115:107.
Ејвери Бредли постигна 23, Реџи Џексон 22, а Тобајас Херис 16 поени.
Голден Стејт загуби иако триото Кари-Дурент-Томпсон одигра добар натпревар. Томпсон постигна 29, Дурент 28, а Кари 27 поени, но потфрли остатокот од тимот кој реализира само 23 поени.
НБА, резултати:
Атланта-Милвоки 106:117
Индијана-Сан Антонио 97:94
Бруклин-Денвер 111:124
Сакраменто-Вашингтон 93:110
Шарлот-Орландо 120:113
Кливленд-Њујорк 95:114
Голден Стејт-Детроит 107:115.