Луис Суарез, по завршувањето на сезоната ќе го напушти Атлетико Мадрид. Уругваецот решил да се стекне со статус на слободен играч. Неговиот договор истекува на 30.јуни.
Суарез, минатата сезона, го предводеше Атлетико до шампионската титула. Го избркаа од Барселона, се пресели во Мадрид и со 21 гол удри печат на 10.титула што ја освоија „јорганџиите“.
Досега има одиграно 73 натпревари за Атлетико, постигнал 32 гола.
„Марка“, пишува дека за услугите на 35-годишниот напаѓач, сериозно бил заинтересиран Интер.
Бепе Марота, спортскиот директор на Интер, во летниот преоден рок, планира да го засили нападот со двајца нови играчи. Еден од нив бил Суарез.