Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ја загуби финалната борба (7:12) од Шпанецот Гарсија Мартинез и освои сребрениот медал на турнирот „Софија опен“.
Георгиевски беше прв носител на турнирот, а претходно имаше две победи, против Србинот Михајло Радаковиќ со 19:5, а потоа и против Шпанецот Касадо (14:4).
Дејан Георгиевски ја воодушеви македонската спортска јавност со освојување на сребрениот медал на Летните Олимписки Игри.