Килијан Мабапе се наоѓа меѓу играчите на кои Маурицио Покетино смета за реваншот во Мадрид, против Реал во Лигата на шампионите.
Голема напнатост и нервоза владееше вчера на „Паркот на принцовите“, бидејќи Килијан Мбапе пред време го заврши тренингот. Напаѓачот по еден дуел со Идриса Геј, замине во клупската амбуланта.
Деталните прегледи, кои траеле неколку часа, покажале дека стапалот на Мбапе е во ред и дека тој ќе може да игра на „Сантијаго Бернабеу“.
Првиот натпревар, одигран пред три недели, заврши со победа на ПСЖ од 1:0. Голот за победа го постигна токму Мбапе во 92.минута.
??️ Le groupe parisien pour le déplacement à Madrid ! #RMPSG
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) March 8, 2022