Top Sport

Се шегува на сметка на Аргентина

Гери Линекер, еден од најдобрите стрелци во историјата на англиската репрезентација, сега стручен коментатор на Би-би-си, утрово повторно доминира на социјалните мрежи.

Линекер, со своите коментари и објави на социјалните мрежи го привлекува вниманието на јавноста, а утро решил да го коментира не досудениот пенал за Нигерија во дуелот со Аргентина, во момент кога резултатот беше 1:1.

foto: epa

„Синоќа сонував многу реален сон. Бев уапсен и однесен од хотелот од страна на ВАР судиите кој беа во полна опрема, бидејќи не се согласував со нивната одлука по прегледувањето на ВАР снимката. Веројатно ми треба уште еден ден одмор“, напишал Линекер.

Аргентина успеа да ја победи Нигерија со 2:1 и да се пласира во осмина-финалето, а дамка на мечот фрли моментот кога судијата Чакир и покрај прегледувањето на снимката немаше храброст да досуди уште еден пенал за Нигерија.

Scroll to Top