Top Sport

Мурињо: Матиќ мора да го загуби овој натпревар

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, кој за потребите на светското првенство работи како стручен аналитичар за телевизијата „РТ“, рекол дека Србија има сила да му се спротивстави на Бразил во решавачкиот натпревар за пласман во осмина-финалето.

Португалецот, во исто време, ги гледа и своите интереси и се надева дека Немања Матиќ уште од вечерва ќе може да се фокусира на своите обврски во Манчестер јунајтед.

„Ми се допаѓа Немања Матиќ кој игра во мојот тим. Имам фантастичен однос со него, но него му е потребен одмор. Тој мора да замине дома, мора да го изгуби овој меч“, рекол Мурињо, кој овој став го има од почетокот на првенството.

Анализирајќи го претстојниот натпревар Мурињо смета дека Србија има знаење за да се надигрува со Бразил.

„Сериозно, мислам дека Србија ќе биде рамноправна со Бразил. Србија е силен тим, како физички така и тактички, има искуство, кај нив не играат емоциите, кои понекогаш можат тимот да го кренат на повисоко ниво. Бразил секогаш ќе биде Бразил, со сјајни играчи. Мислам дека тоа ќе биде неверојатен и емотивен меч. Мислам дека Србија може да му направи проблеми на Бразил“, рекол Мурињо за „РТ“.

Натпреварот Србија-Бразил се игра вечерва од 20 часот.

Scroll to Top