Џампјеро Вентура е добитник на наградата „Палоне ди мармо“ (мермерна топка) за неговите заслуги во светот на фудбалот и покрај тоа што не успеа да ги однесе Италија на Мундијалот во Русија.
70-годишниот Вентура ја доби наградата на гала-вечера за својата 50-годишна работа како фудбалер и тренер. Тој во кариерата беше тренер на дури 17 клубови, почнувајќи со аматерскиот клуб Руентес Рапало во 1981 година.
Неговите најдобри резултати дојда со клубовите на Каљари, Бари и Торино, враќајќи ги тимовите во Серија А, но и промовирајќи млади фудбалери и играјќи атрактивен фудбал. Меѓутоа, сѐ тоа е во сенка на неговото катастрофално водење на италијанската репрезентација во 2016 и 2017, откако по поразот од Шведска во баражот, „аѕурите“ првпат по 60 години не се на едно големо натпреварување.