Top Sport

Египет го отпушти Ектор Купер

И покрај неговата најава дека ќе остане селектор на Египет, Египетската фудбалска асоцијација (ЕФА) објави дека 62-годишниот Аргентинец веќе не е на чело на федерацијата по разочарувачкиот настап на Мундијалот.

Египет, кои настапуваа на едно СП првпат од 1990 година, завршија последни во групата А без ниту еден поен со три порази од Уругвај (1:0), Русија (3:1), и Саудиска Арабија (2:1).

Договорот на Купер требаше да биде продолжен по СП, но по враќањето во Египет во вторникот, тој доби отказ.

„Имавме состанок по враќањето од Русија и целиот борд на ЕФА одлучи да му се заблагодари на Купер и на неговиот тим. Ја цениме неговата работа, од пласманот во Африканскиот Куп на нации по три години отсуство, до враќањето на Египет на Мундијалите по 28 години отсуство“, се вели во соопштението на ЕФА.

Купер беше селектор од март 2015, и ги предводеше „фараоните“ до финалето на Африканскиот Куп на нации, каде што загубија во финалето од Камерун.

Фото: ЕПА

Scroll to Top