Новак Ѓоковиќ нема да настапи на мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами. Српскиот тенисер не добил дозвола да влезе во САД.
Од Центарот за контрола и превенција на болестите, не му дозволиле да влезе во Америка, бидејќи не е вакциниран.
„И покрај тоа што автоматски бев пријавен за овие турнири, знаев дека ќе биде тешко да добијам дозвола да влезам во САД. Потврдено е дека правилата нема да се менуваат и дека нема да можам да играм во Индијан Велс и Мајами. Среќно на сите што ќе настапат на овие одлични турнири“, напишал Ѓоковиќ на социјалните мрежи.