Top Sport

Јокиќ ги однесе Денвер до нова победа, Далас декласирани од Њујорк

Никола Јокиќ со уште една брилијантна партија им овозможи нова победа на Денвер Нагетс. Добар меч одигра и Лука Дончиќ, но неговите Далас Маверикс претрпеа тежок пораз од Њујорк Никс. Бојан Богдановиќ ја потврди одличната форма, го предводеше тимот на Јута до победата над Портланд.

Денвер Нагетс славеа победа над Сакраменто Кингс 106:100. Актуелниот МВП, Јокиќ натпреварот го заврши со 38 поени, 18 скока и седум асистенции. Кај Сакраменто се истакна ДиеронФокс со 32 поени и 10 асистенции.

Денвер на петтото место, во Западната конференција, се израмнија со Далас Маверикс. Двата тима имаат по 40 победи и 26 порази.

Далас претрпеа тежок пораз на домашен терен од Њујорк Никс 77:107. Лука Дончиќ одигра одличен меч, но не доби помош од соиграчите.Словенецот постигна 31 кош.

Јута лесно се справи со Портланд. Џезерите славеа победа 123:85. Бојан Богдановиќ со 27 поени го предводеше својот тим, Хрватот погоди шесто тројки на овој натпревар.

Милвоки Бакс, во реприза на минатогодишното финале на Истокот, славеа победа над Атланта Хокс 124:115.

Јанис Адетокумбо го предводеше својот тим со 43 поени и 12 скокови. Дабл-дабл забележа и Боби Портис (23 поени, 15 скокови). Кај Атланта се истакна Тре Јанг со 27 поени и 11 асистенции.

Scroll to Top