Карим Бензема е херојот на Реал Мадрид. Со три гола во реваншот, францускиот репрезентативец, го елиминираше ПСЖ од Лигата на шампионите.
По мечот во Мадрид, голманот на Реал, Тибо Куртоа, упати низа комплименти за својот соиграч.
„Карим Бензема е најдобрата ‘деветка’ во светот. Левендовски постигна хет-трик, но тој два гола даде од пенал. Бензема покажа дека е најдобриот напаѓач во светот. Покажа дека требаше да биде подобро рангиран во трката за Златната топка“, изјавил белгискиот голман.
Бензема против ПСЖ влезе во историјата на Лигата на шампионите. Со 34 години, тој е највозрасниот фудбалер со постигнат хет-трик во ова натпреварување.