Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, воодушевен е од синоќешниот пресврт на Реал, против ПСЖ, во Лигата на шампионите.
Реал, во реваншот влезе со 0:1, имаше и гол минус по првото полувреме, но потоа Карим Бензема за 17 минути постигна хет-трик и го однесе својот тим во четврт-финалето.
„Да, како фан на фудбалот го гледав натпреварот. Пресвртот на Реал е за восхит, само покажува што овој клуб претставува во Европа“, рекол Симеоне.
Симеоне со Атлетико, утре ќе го пречекаат Кадиз во Ла Лига, а наредната среда ќе му гостуваат на Манчестер јунајтед, во Лигата на шампионите.