Нејмар преку социјалните мрежи ги демантираше вестите на шпанската „Марка“ дека имал физичка пресметка со голманот на Пари Сен-Жермен по вчерашниот 3:1 пораз од Реал Мадрид и елиминацијата во осминафиналето на Лигата на шампиони.
Нејмар на својот Инстаграм објави разговор кој го имал со Донарума преку „Ватсап“ по поразот.
„Здраво, Неј. Уште ми е жал за вчера, но вакви вести се неприфатливи“, му пишува италијанскиот голман на Нејмар со линк од приказната на „Марка“.
„Пријателу! Мирно. се случуваат такви работи во фудбалот. Ние сме тим и ние сме зад тебе. Уште си млад и ќе победуваш многу. Ќе станеме и ќе продолжиме“, одговори Нејмар.