УЕФА официјалнo отвори дисциплинска постапка за однесувањето на претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи и за спортскиот директор на клубот, Леонардо по 3:1 поразот од Реал Мадрид во средата навечер.
Ова доаѓа по непотврдените извештаи дека двајцата влегле во остар дуел со судиите на мечот, посебно незадоволни од првиот гол на Реал, кога сметаа дека Карим Бензема требаше да добие жолт картон за „фаулот“ над Џанлуиџи Донарума. Според „Марка“, Ал-Хелаифи по крајот на мечот трчал по ходниците на „Бернабеу“ по судијата Дани Макели, а според „Л’Екип“ во записникот на судијата стоело дека: „Ал-Хелаифи и Леонардо се однесувале агресивно и се обиделе да влезат во соблекувалната на судиите. Кога судијата побарал да заминат, претседателот удрил дел од опремата на помошникот судија и го скршил“.
Според „Диаирио АС“, пак, Ал-Хелаифи и Леонардо прво влегле во погрешна соба на стадионот, каде што се сретнале со делегатот на Реал Мадрид, Мејиа Девила. Вработениот го снимал Ал-Хелаифи со телефон, по што тој го забележил тоа и му се заканил со зборовите: „Ќе те убијам!“.
Од ПСЖ не го коментираат инцидентот.
UEFA has opened disciplinary proceedings against Paris St Germain President Nasser Al Khelaifi and sporting director Leonardo following Wednesday's 3-1 Champions League defeat by Real Madrid. https://t.co/EsaC8l6t78
— Reuters Sports (@ReutersSports) March 10, 2022