Top Sport

Конте отпишал тројца играчи

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, отпишал тројца играчи за наредната сезона. Двајца од нив се во клубот, а еден во јануари замина на позајмица.

Големата надеж на шпанскиот фудбал, Брајан Хил, во летниот преоден рок пристигна од Севилја. Тотенхем за крилниот играч, платија одредена сум и го испратија на „Рамон Санчез Писхуан“, Ерик Ламела.

Хл не успеа да се снајде во Премиер лигата. Во јануари, Тотенхем го испрати на позајмица во Валенсија. Медиумите шпекулираат дека Валенсија има намера да го откупи неговиот договор.
Клубот ќе го напушти и голманот Пјерлуиџи Голини, кој не успеа да се наметне покрај Иго Љорис. Голино во Тотенхем дојде од Аталанта.

Конте не е задоволен и од формата на Емерсон Ројал. Бразиелцот, минатиот преоден рок потпиша со Барселона, а само 45 дена подоцна Каталонците за 25.000.000 евра го продадоа во Тотенхем.

Шпанските медиуми пишуваат дека за Емерсон интерес покажува Атлетико Мадрид.

Scroll to Top