Јувентус се засили со Португалецот Жоао Кансело, купувајќи го десниот бек од Валенсија за 40.4 милиони евра.
Кансело минатата сезона беше на позајмица во Интер, но тимот од Милано реши да не ја искористи опцијата и да го откупи неговиот договор.
„Сон е да се биде во овој голем клуб. Да се претставува еден од најголемите европски клубови е шанса која не ја пропушташ. Јувентус има толку многу силни фудбалери, така што ќе морам да бидам на нивото за да играм постојано“, вели Кансело.
Тој зборувал со тренерот Масимилијано Алегри пред да го комплетира трансферот.
„Мојата омилена позиција е десен бек. Алегри ми кажа дека наскоро ќе се сретнам со соиграчите и ќе ми помогне да се вклопам“, вели Кансело.
? Le prime parole da ⚪️⚫️ di João Cancelo! ??#WelcomeToJU #ForzaJuve pic.twitter.com/ht2pP8L2ZE
— JuventusFC (@juventusfc) June 27, 2018