Top Sport

Крстајиќ: Се враќаме дома со високо крената глава

Српскиот селектор, Младен Крстајиќ не го криеше разочарувањето што неговата репрезентација не се пласираше во осминафиналето на Мундијалот во Русија, но вели дека нема замерки на неговите фудбалери.

„Им честитам на Бразил за пласманот, но и на моите фудбалери на односот и борбеноста против големиот противник. Тие се велесила, но имавме шанси на 0:0 и 0:1 кои не ги искористивме. Моите играчи заслужија почит од цела Србија и се враќаме дома со високо крената глава. Дојдовме да се покажеме во добро светло по осум години отсуство на Мундијалите и го дадовме нашиот максимум, иако можевме да бидеме и подобри“, вели Крстајиќ.

Крилото на Хамбургер, Филип Костиќ исто така вели дека фудбалерите го дале својот максимум и признава дека поразот од Швајцарија беше клучен за испаѓањето.

„Игравме добро, немавме среќа, и мораме да одиме понатаму. Бразилците се фаворити за титулата, така што нема да трошам зборови. Ги имавме тие десетина минути во кои можевме да направиме нешто повеќе, но тоа е тоа. Мечот со Швајцарија ни пресуди, имавме бод со кој ќе одевме понатаму, но тоа е тоа“, вели Костиќ.

Бразил рутински против Србија, Швајцарија и со реми во осминафинале

Scroll to Top