Поминаа десет години откако Делонте Вест последен пат играше во НБА. Следеа години во кои си го уништи животот со дрога и со алкохол, од милионер кој играше со Леброн Џејмс стана бездомник и губитник, а беше објавено дека има големи психички проблеми. Сега се обидува да и се врати на кошарката.
Вест во последните години ги наполни медиумите со самоуништувачко однесување, а пред две години влезе во нов терен. На интернет почнаа да кружат две снимки. Едниот покажува како некој го удира со раце и нозе на сред пат, а на другиот како седи на тротоарот, без кошула, со врзани лисици зад грб. Изгледаше расеан и, викајќи и пцуејќи, објасни дека момчето му се заканило со пиштол, иако никој тоа не можел да го потврди.
Пред пет месеци се појави уште една. Таа покажува хомофобични навреди на сметка на полицијата и тврди дека е Исус Христос и претседател на САД.
„Бев подобар од Леброн Џејмс и подобар од Мајкл Џордан, јас сум најдобриот црнец во историјата кој се занимавал со кој било спорт“, рече тој.
Сопственикот на Далас, Марк Кјубан, ја подаде раката за помош. Го тргнал од улицата, го сместил во хотел и му понудил да му плати да оди во комуна. Викендов се случи нов чекор во вистинската насока. Вест направи проба за која се надева дека ќе го доведе до изборот на играчи за драфтот на Биг3 лигата.
Тој беше избор на првата рунда на драфтот во 2004 година, а најдобро се памети по две и пол сезони во Кливленд Кавалирс, каде што ја бркаше титулата, рамо до рамо со Леброн Џејмс, како еден од неговите другари од најголема доверба. Во 2008 година, кога заврши во Кавалирс со трејд од тогашниот Сиетл Суперсоникс, му беше дијагностицирано биполарно растројство.
Во најсилната кошаркарска лига на светот, покрај Кливленд (2007-2010), Делонте Вест играше и за Бостон (2004-2007 и 2010-2011), Сиетл (2007) и Далас (2011-2012). Тој имаше просек од 9,7 поени на речиси 450 натпревари во НБА лигата.