Русија нема да ја брани титулата во Девис купот. Руските тенисери се исфрлени од ова натпреварување поради руската инвазија врз Украина. Девис купот објави дека на местото на Русија ќе влезе репрезентацијата на Србија.
Србите беа најдобр рангирани од репрезентациите кои минатата година играа во полу-финалето. Листата на учесници ќе биде комплетирана откако Девис купот ќе додели една специјална покана.
Покана од Девис купот веќе доби репрезентацијата на Велика Британија.
Покрај Србија, Белика Британија и финалистот од минатата година, Хрватска место на завршниот турнир во Девис купот, веќе си обезбедија: Аргентина, Австралија, Белгија, Франција, Германија, Италија, Казахстан, Јужна Кореа, Холандија, Шпанија, Шведска и САД.