Top Sport

Берон се врати во Зенит

Еден од најдобрите играчи на Зенит, Били Берон, се вратил во Санкт Петербург. Тој ќе игра за екипата која ја предводи Чави Пасквал, во дербито во регионалната ВТБ лига, против ЦСКА Москва.

Откако Русија ја нападна Украина, Зенит им дозволи на странските играчи да го напуштат клубот. 31-годишниот Берон ненадејно се вратил во Русија, со цел да му помогне на тимот во ВТБ лигата.

Американецот, пред две сезони од Црвена звезда се пресели во Зенит. Во ВТБ лигата, сезонава има просек од 15,5 поени по натпревар.

Scroll to Top