Top Sport

Барса се договори со „Спотифај“, стадионот ќе го носи името на спонзорот

Барселона и компанијата „Спотифај“, објавија дека потпишале спонзорски договор. Соработката официјално ќе започне во јули и ќе трае три години. Барселона од овој договор ќе инкасира 280.000.000 евра.

„Спотифај“ стана главен спонзор на клубот и официјален аудио-стриминг партнер. Логото на компанијата ќе се наоѓа на предната страна на дресовите и опремата за тренинг од почетокот на сезоната 2022/2023.

Договорот предвидува, култниот стадион „Ноу Камп“, во наредните три сезони е го носи името „Спотифај“.

Договореното, наредниот месец, треба да го потврди и Собранието на клубот.

Барселона, според финансискиот извештај за сезоната 2020/2021 должи 1.350.000.000 евра.

Scroll to Top