Манчестер сити водат во трката за потписот на Ерлинг Халанд. Ова го тврдат германските и англиските медиуми. Норвежанецот може да ја напушти Борусија Дортмунд за 75.000.000 евра.
Оштетата не претставува проблем за богат клуб каков што е Манчестер сити. Според медиумите „граѓаните“ сега треба да ги задоволат финансиските апетити на синот и таткото Халанд, односно менаџерот Мино Рајола.
Дека Халанд е блиску до трансфер во Манчестер сити, потврдил и челникот на Борусија, Матијас Замер.
„Знам дека Сити се заинтересирани. Кога слушнав колку пари се во игра се чувствував како некој да ми удрил шамар. Паднав во несвест. Сопругата мораше да ме подигне од подот. Значи, можно е да дојде до трансферот“, рекол Замер.
„Дејли мејл“, тврди дека Сити на Халанд му понудиле неделна плата од 600.000 евра. Тоа значи дека напаѓачот би ја имал најголемата плата в Премиер лигата.