Top Sport

Пекерман сериозно загрижен за повредата на Хамес

Колумбискиот селектор Хозе Пекерман призна дека е „екстремно загрижен“ околу повредата и подготвеноста на Хамес Родригез откако „Лос кафетерос“ успеаја да влезат во осминафиналето на Мундијалот, каде што ги чека меч со Англија.

Ѕвездата на Баерн Минхен, Родригез, беше повлечен од игра по само половина час игра во мечот против Сенегал, кој Колумбија го доби со 1:0. Не е јасно што е точно проблемот на 26-годишниот Хамес, откако самиот беше лут што беше изваден од игра.

„Многу сум загрижен бидејќи тоа е лоша ситуација за мојот тим. Не сакам да коментирам сега, бидејќи тоа може да фрли во сенка сѐ што направивме. Во последниот меч против Полска, Хамес почувствува замор, но тоа беше само обичен замор бидејќи не играше на првиот натпревар. Тренираше нормално со нас и беше целосно фит, сега не знам каде сме“, вели Пекерман.

Фото: ЕПА

Scroll to Top