Македонската ракомета репрезентација стигна до голема 30:22 (16:13) победа над Романија во првиот меч од полуфиналето на баражот за пласман на Светското првенство во Полска и Шведска во 2023, за со голема самодоверба да патува во Букурешт пред саботниот реванш.
Тимот на Кирил Лазаров имаше одличен старт на мечот, поведувајќи со 3:0 и со 6:2, но Романците останаа во игра и не дозволија поголема предност од еден гол, до финишот на првото полувреме, кога дојдовме до три гола предност (16:13). Во второто полувреме, наместо да ја зголемиме предноста, дозволивме Романците повторно да дојдат на гол разлика (21:20), пред предводени од Талески пак да направиме предност од четири гола (25:20). Филип Талески заврши со 10 гола, а по седум уфрлија Лазаров и Филип Кузмановски.
Романија, која има четири светски титули на стартот на Мундијалот, нема настап на СП од 2011 година. Победникот од двомечот оди на Чешка.
Фото: РФМ