Top Sport

Меси и Роналдо не беа интелигентни со своите трансфери, тврди Анелка

Поранешниот француски репрезентативец, Никола Анелка смета дека двете фудбалски легенди, Лионел Меси и Кристијано Роналдо направиле „неинтелигенти“ одлуки со своите трансфери минатото лето и дека нема срам двајцата да одлучат да се повлечат од спортот.

Во неверојатно трансфер-лето, Лео Меси ја прекина животната посветеност на Барселона откако не му понудија нов договор и замина во Пари Сен-Жермен во „бомба“, пред Кристијано Роналдо да го напушти Јувентус и да се пресели во својот стар клуб, Манчестер јунајтед. Сега, двајцата се исфрлени од Лигата на шампиони и Анелка вели дека требале да направат помудри избори, како фудбал во Кина.

„Ова се случува со фудбалерите кои сакаат да играат долго. Нивните кариери се завршени и мислам дека двајцата треба да бидат среќни со тоа што го остварија во последните 15 години. Тие беа над другите и сега е нормално да бидат успорени. Повеќе ме изненади Меси отколку Роналдо, бидејќи мислев дека ќе ја крене Франција, а дека Роналдо ќе има проблеми во Англија, бидејќи Премиерлигата е најтешката лига на светот. Не беа интелигентни. Требаше да побараат помали предизвици. Јас сопрев на 36 години, но на 32 отидов во Кина“, вели Анелка.

Scroll to Top