Евертон славеше драматична победа над Њукасл (1:0) и освои значајни бодови во борбата за опстанок. Алекс Ивоби, го постигна голот за победа во 99.минута, во ситуација кога Евертон имаше фудбалер помалку на теренот.
Голот на Ивоби, предизвика ерупција од воодушевување на трибините и на клупата на „карамелите“.
Додека го славел голот, менаџерот Френк Лампард, си ја скршил раката.
„Не знам кога се случи, веројатно кога го славев голот. Нешто закачив со раката, неколку минути подоцна ми стана јасно дека ме боли раката. Ќе го истрпам ова. овој натпревар е посебен, немавме вакво искуство изминатите неколку недели“, рекол Лампард.
Евертон со два натпревари помалку, се наоѓаат на 17.место во Премиер лигата, имаат само три бода повеќе од тимовите кои се во опасната зона.
Frank Lampard is BUZZING!
He knows how important that goal could be! ?#EVENEW #PLonPrime pic.twitter.com/qiXEqHQVDs
— Amazon Prime Video Sport (@primevideosport) March 17, 2022