Top Sport

Јувентус ја чека разврската со Маркус Рашфорд

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, размислува да го напушти клубот во летниот преоден рок. Англискиот репрезентативец не е задоволен од минутажата и статусот во тимот, а италијанскиот калчолигаш би сакал да ја искористи ситуацијата и по завршувањето на сезоната да го доведе во Торино.

Ралф Рангник веројатно ќе замине од кормилото и Рашфорд сигурно ќе го почека новото кадровско решение, но доколку германскиот стратег остане на клупата и следната сезона, тогаш напаѓачот речиси сигурно ќе замине од „Олд Трафорд“.

Ливерпул и Пари Сен Жермен исто така појавуваат интерес за англискиот репрезентативец.

Scroll to Top