Актуелните шампиони, Баерн Минхен ќе ја зазпочнат одбраната на титулата од Бундеслигата под новиот тренер Нико Ковач против Хофенхајм на Јулијан Нагелсман, додека Борусија Дортмунд со тренерот Лусиен Фавр го пречекуваат на РБ Лајпциг.
Бундеслигашката сезона стартува на 24 август, во петок навечер, кога Баерн ќе ги пречека Хофенхајм, кои лани беа на третото место и изборија пласман во Лигата на шампионите. Баерн последен пат не победиле во првиот меч од новата сезона во 2011 година, кога Борусија Дортмунд стана шампион.
A new journey begins ? #BundesligaSchedule pic.twitter.com/ig9oLU18TF
— Bundesliga English (@Bundesliga_EN) June 29, 2018
Дортмунд идната сезона има амбиции да ја прекине низата на титули на Баварците со новиот тренер Лусиен Фавр, и сезоната ја почнуваат со РБ Лајпциг, кои уште се без тренер по заминувањето на Ралф Хазенхитл.
Минатогодишните вице-шампиони Шалке гостуваат кај Волфсбург, кои обезбедија останување во Бундеслигата во плеј-оф, додека шампионите од втората лига, Фортуна Диселдорф почнуваат со Аугзбург, а вториот нов бундеслигаш, Нирнберг гостува на Херта Берлин.
„Дер класикер“, дуелот меѓу Баерн и Дортмунд е на програмата на почетокот на ноември на „Сигнал идуна парк“. Баерн повторно се апсолутни фаворити.
The full fixture table ? #BundesligaSchedule pic.twitter.com/T08oiKmRfk
— Bundesliga English (@Bundesliga_EN) June 29, 2018