Top Sport

Фелаини и официјално останува фудбалер на Јунајтед

Како што вети, иако два дена порано, Маруан Фелаини го искористи слободниот ден на Мундијалот во Русија да потврди дека останува во Манчестер јунајтед и следната сезона.

„Пресреќен сум што можам да го продолжам мојот пат како фудбалер на Манчестер јунајтед. Ја направив оваа одлука бидејќи сум среќен во мојот клуб и поради тоа што верувам дека со тренер како Жозе можеме да оствариме многу. Благодарност до Жозе и до довербата која секогаш ја има во мене“, вели Фелаини.

Договорот на 30-годишниот Белгиец завршуваше ова лето и тој првично ја одби понудата на Манчестер јунајтед, налутен што таа дојде прекасно. Сепак, шпекулациите за трансфер во Јувентус се покажаа како погрешни и тој продолжува во Премиер лигата.

Фото: ЕПА

Scroll to Top