Top Sport

Јувентус го „меркаат“ Габриел Жесус

Јувентус се надеваат дека во текот на летото можат да го донесат напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жесус и подготвени се да дадат 65 милиони фунти, користејќи ја слабата минутажа која Бразилецот ја има оааа сезона.

Според „Дејли стар“, доколку Сити успеат да го комплетираат трансферот на Ерлинг Халанд ова лето, ситуацијата на 24-годишниот Жесус ќе биде уште полоша, а тој ќе сака да биде редовен првотимец следната сезона за да биде во избор на селекторот Тите за Светското првенство во Катар.

Јуве веќе донесоа засилување во нападот во Србинот Душан Влаховиќ од Фиорентина во текот на зимскиот преоден рок.

Scroll to Top