Top Sport

Римечот Вржошек-Хари не го доживеа крајот по општата тепачка на трибините

Римечот на мароканската кикбокс легенда Бадр Хари против Полјакот Аркадијуш Вржошек не го доживеа крајот во Белгија, откако во средината на мечот во „Триксо арената“ во Хаселт, Белгија се случи вистински хаос.

Хари доминираше во првиот меѓусебен меч минатиот септември, пред Полјакот да упати неверојатен удар во главата и да го нокаутира. Овојпат, Вржошек по еден удар со колено го собори Хари во втората рунда, по што почна општата тепачка на трибините, според белгиските медиуми предводена од ултрасите на Легија Варшава.

Организаторите се обидоа да ја смират публиката, но на крајот го откажаа не само мечот, туку и целото шоу на Глори 80.

Вржошек трипати беше на подот па го „здроби“ Бадр Хари

Scroll to Top