Над 200 луѓе беа повредени откако привремена трибина на фудбалскиот стадион во областа Малапурам, Индија се урна во саботата навечер.
На страшното видео кое се појави на социјалните мрежи се гледа уривањето на трибината, а полицијата потврди дека инцидентот се случил во селото Вандор каде што се играл фудбалски меч. За среќа, ниту еден од повредените не е во сериозна состојба, јавува локалната полиција.
#WATCH Temporary gallery collapsed during a football match in Poongod at Malappuram yesterday; Police say around 200 people suffered injuries including five with serious injuries#Kerala pic.twitter.com/MPlTMPFqxV
— ANI (@ANI) March 20, 2022