Top Sport

Манчестер сити се „машина за пари“

Шампионите од Премиерлигата, Манчестер сити се клубот кој најмногу заработил изминатата година, откако првпат во својата историја се на чело на лигата на пари на „Делоит“.

И покрај влијанието на КОВИД-19, Манчестер сити се први на листата пред Реал Мадрид, Баерн Минхен, Барселона и градскиот ривал Манчестер јунајтед. Во топ 10 се уште и Пари Сен-Жермен на шестото место, Ливерпул како седми пред Челси, Јувентус и Тотенхем.

Премиерлигашите се најзастапени на листата, со уште шест места во следната „десетка“ со Арсенал (11), Лестер (15) и Вулверхемптон (17), додека Борусија Дортмунд, Интер, Атлетико Мадрид и Зенит Санкт Петерсбург ги комплетираат топ 20.

ДЕЛОИТ ЛИГА НА ПАРИ (ВКУПЕН ПРИХОД)

1.Манчестер сити (Анг) 644.9 милиони евра

2.Реал Мадрид (Шпа) 640.7 милиони евра

3.Баерн Минхен (Анг) 611.4 милиони евра

4.Барселона (Шпа) 582.1 милиони евра

5.Манчестер јунајтед (Анг) 558 милиони евра

6.Пари Сен-Жермен (Фра) 556.2 милиони евра

7.Ливерпул (Анг) 550.4 милиони евра

8.Челси (Анг) 493.1 милиони евра

9.Јувентус (Ита) 433.5 милиони евра

10.Тотенхем (Анг) 406.2 милиони евра

11.Арсенал (Анг) 366.5 милиони евра

12.Борусија Дортмунд (Гер) 337.6 милиони евра

13.Атлетико Мадрид (Шпа) 332.8 милиони евра

14.Интер (Ита) 330.9 милиони евра

15.Лестер (Анг) 255.5 милиони евра

16.Вест хем (Анг) 221.5 милиони евра

17.Вулверхемптон (Анг) 219.2 милиони евра

18.Евертон (Анг) 218.1 милиони евра

19.Зенит Санкт Петерсбург (Рус) 212 милиони евра

20.Астон вила (Анг) 207.3 милиони евра

Scroll to Top