На Светското атлетско првенство во сала во Белград падна и првиот светски рекорд, кога неверојатната Јулимар Рохас го „смачка“ сопствениот рекорд во трискок, прескокнувајќи 17.54 метри, точно еден метар пред својата најблиска конкурентка, Украинката Марина Рух.
Животната приказна на 26-годишната девојка од Венецуела е фасцинантна. Таа израсна
She is the current Olympic champion, a two-time World Champion (2017 London and 2019 Doha), and three-time World Indoor Champion (2016 Portland, 2018 Birmingham and 2022 Belgrade). Raised in a deprived area of Venezuela, she was successful in other sports as a teenager but could not continue to practice due to lack of facilities. She moved to Guadalajara, Spain, in 2015 to continue her athletics training. She is a recipient of the Venezuelan Order of José Félix Ribas – First Class.
She holds both women’s triple jump world records: her outdoor best of 15.67 m (51 ft 4+3⁄4 in), the world record, was set during the 2020 Summer Olympics in Tokyo, Japan, on 1 August 2021, as her final jump in the final round. She beat the previous world record, set by Ukraine’s Inessa Kravets in 1995, by 17 centimetres (6+1⁄2 in). She also holds the indoor world record, her absolute best, of 15.74 m (51 ft 7+1⁄2 in), set at the 2022 World Indoor Championships. Since 2014 she has held, and continued to beat, Venezuelan national records in triple jump and long jump.
Рохас израсна во „ранчито“ во областа Алтависта во близината на Каракас (нешто слично како фавелите во Бразил), каде што нејзиното семејство се пресели кога нејзиниот очув остана без работа. Таа има пет браќа и сестри и признава дека кога почнала со спортот и ветила на својата мајка Јулиеси Родригез, дека еден ден ќе заработи доволно за да и купи куќа.
Инспирирана од Олимпијадата во Пекинг во 2008 година, Рохас почна со одбојката, но во градчето каде што живеела немало тим, а се обидела да игра и кошарка. Нејзиниот очув, поранешниот боксер Педро Запата ја запишал во специјална спортска школа во Пуерто де ла Круз, каде што почна со атлетиката под водство на нејзиниот тренер Хезус Веласкез. Нејзината прва дисциплина била фрлање ѓуле, пред на 15 години да се префрли во скокот во височина, каде што постави јуниорски рекорд на Венецуела и 11. најдобар резултат на светот.
Сепак, инспирирана од Аснолдо Девониш, кој беше единствениот освојувач на олимписки медал во атлетика од Венецуела во 1952 година, таа се префрли во трискокот. Од 2015 година, таа почна да работи со кубанскиот скокач во далечина, Иван Педрозо, откако му прати порака преку Фејсбук, и тој ја покани да работи со неа во Шпанија, каде што се пријави во атлетската школа на Барселона во 2016 година.
Рохас стигна до сребро на Олимпијадата во Рио во 2016 година со скок од 14.98 метри зад Колумбијката Катерина Ибаргуен (15.17), за да стане првата носителка на олимписки медал од својата земја. Во 2017 година таа ја совлада Ибаргуен со злато на Светското првенство со 14.91 метри, за во 2020 да го сруши светскиот рекорд во сала со 15.43 метри, за минатата година да стигне до олимпиското злато со 15.67 метри, поставувајќи го светскиот рекорд, кој стоеше до херојскиот скок во Белград.
¡NUEVO RÉCORD DEL MUNDO INDOOR Y PRIMER TRIPLETE MUNDIAL DE LA HISTORIA!
⏩1️⃣5️⃣.7️⃣4️⃣⏪
✔️ 15.19
❌
✔️ 15.04
❌
✔️15.36
✔️1️⃣5️⃣.7️⃣4️⃣?? ??? + ?? pic.twitter.com/cHJBQe1EOl
— Yulimar Rojas (@TeamRojas45) March 20, 2022
Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк