Американецот Тејлор Фриц му го нанесе првиот пораз на Рафаел Надал оваа година и го освои Mастерсот во Индијан Велс. Надал го одигра финалето и покрај повредата, поради која го прекина последниот тренинг. „Никогаш не сум почувствувал таква болка“, рекол Надал.
Фриц, четири пати му го одзеде сервисот на Шпанецот, во клучнiте моменти во вториот сет, спасуваше брејк топки и на крајот го забележа најголемиот успех во кариерата.
Американецот за нешто повеќе од два часа игра победи со 6/4, 7/6.
Локалното момче е првиот Американец по 2001 година со титула во Индијан Велс. Во 2001 година победи Андре Агаси.
Фриц со оваа победа направи скок од осум места на АТП листата. Од денес тој се наоѓа на осмото место во светот.