Top Sport

Ѓоковиќ повторно е број 1 на АТП листата

Новак Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП листата. Српскиот тенисер ја започна 362.недела на врвот на листата. Ѓоковиќ има 55 поени повеќе од Данил Медведев.

Ѓоковиќ има 8.465 поени и доколку Медведев не стигне до полу-финалето на следниот Мастерс во Мајами, ќе остане на првото место.

Трет на АТП листата, од денес е Рафаел Надал. Шпанецот, не успеа да го освои Мастерсот во Индијан Велс. Првиот пораз оваа година го доживеа од Тејлор Фриц.

Александар Зверев, му ја препушти третата позиција на Надал. Германецот сега е на четвртото место, петти на листата остана Стефанос Циципас.

Местата ги заменија и Андреј Рубљов и Матео Беретини.

Титулата во Индијан Велс, на Фриц му го донесе најдобриот пласман во кариерата. Американецот се наоѓа на осмото место, зад него се каспер уд и Феликс Оже-Алијасим.

Scroll to Top