Top Sport

Сампаоли: Го известував Меси за заменета, не се консултирав со него

Аргентинскиот селектор Хорхе Самполи вели дека само го информирал Лионел Меси за замената во текот на мечот со Нигерија, а не се советувал со него, откако разговорот беше протолкуван дека селекторот бара дозвола да го внесе Серхио Агуеро во игра.

Ова доаѓа по шпекулациите во аргентинските медиуми дека фудбалерите направиле „бунт“ во репрезентацијата по 3:0 поразот од Хрватска и дека тие практично го водат составот. 58-годишниот Сампаоли, пред осминафиналето со Франција вели дека тоа не е вистина.

„Се сеќавам на тој момент, но сè што кажувам на моите фудбалери е лично и нема да откријам што зборувавме. Но, секако не е така како што го опишавте, ние имавме неколку опции во нападот и само го известував Лео дека ќе користам една од стратегиите кои ги пробувавме на тренинг“, вели Сампаоли.

Тој повторно го испофали Меси, опишувајќи го како најдобар фудбалер на светот и гениј, но сакаше да се фокусира на тоа што се очекува од целиот тим во сабота во Казан.

„Сонувам за Аргентина која игра со страст, но исто така доминира со фудбалската топка. Ако не можеме да ја контролираме топката против Франција, ќе стане физички меч, а тоа нема да ни одговара. Мораме да бидеме подготвени од почетокот. Сигурен сум дека Франција има план да го неутрализира Лео, а ние сакаме да го извлечеме максимумот од него, така што ќе видиме чиј план ќе функционира подобро“, вели Сампаоли.

Сампаоли барал дозвола од Меси за да го внесе во игра Агуеро (Видео)

Scroll to Top