Top Sport

Сампаоли барал дозвола од Меси за да го внесе во игра Агуеро (Видео)

Сампаоли барал дозвола од Меси за да го внесе во игра Агуеро (Видео)

Селекторот на Аргентина Хорхе Сампаоли во текот на натпреварот против Нигерија го прашал Лионел Меси дали да го внесе на теренот Серхио Агуеро.

На видео снимките што се појавија на социјалните мрежи се забележува како Самаполи, во паника, го прашува Меси: „Дали да го внесам Кун:“ Во тој момент резултатот на натпреварот беше 1:1.

Напаѓачот на Манчестер сити влезе во игра во 80.минута, шест минути пред Рохо да го постигне решавачкиот гол.

Исто така, пред почетокот на вториот дел, Меси без присуство на Сампаоли, им држеше некаков говор на соиграчите.

Ова се случува во моментите кога аргентинските медиуми пишуваат дека редот во соблекувалната го држат Меси и Мачерано, односно дека Сампаоли нема никаква контрола.

Аргентина, во осмина-финалето, ќе игра против Франција.

Scroll to Top