Top Sport

Мурињо: Не ги отпишувајте Македонија и Турција

Жозе Мурињо, тренерот на рома, по блескавата победа над Лацио (3:0), имал интересен коментар за претстојните бараж натпревари, за пласман на Светското првенство во Катар.

Сите со нетрпение го очекуваат финалето на еден од баражите да биде дуелот Португалија-Италија. За да се оствари оваа прогнoза Италија ќе треба да ја победи Македонија, а Португалија да слави против Турција.

„Забележувам дека сите ја отпишаа Турција, односно Македонија. Не би го правел тоа, станува збор за сериозни репрезентации“, рекол Мурињо.

Како Португалец кој работи во Италија, не крие дека во евентуалната пресметка на двете селекции ќе навива за Португалија.

„Јасно е дека не можам да бидам неутрален. Ја сакам Италија, оваа земја многу ми има дадено. Меѓутоа јасно е дека навивам за својата држава и од се срце сакам Португалија да оди во Катар“.

Scroll to Top