Top Sport

Онана доживеал сообраќајна несреќа во Камерун

Голманот на Камерун, Андре Онана, на патот кон кампот на репрезентацијата имал сообраќајна несреќа. Онана не бил повреден во сообраќајната несреќа.

Како што пишуваат странските медиуми, Онана, несреќата ја доживеал на патот од Јуанде кон Дуала. На социјалните мрежи се појавија фотографии на два уништени автомобили.

Онана не е повреден и тој веднаш, со друг автомобил го продолжил патот кон тренинг центарот.

Камерун, во петок, ќе го одигра првиот натпревар против Алжир, реваншот е во вторник. Подобриот по двете средби ќе избори место на Светското првенство во Катар.

Scroll to Top