Top Sport

Дали и Сити може да биде казнет поради врските на ОАЕ со Сирија?

Челси не е единствениот англиски премиерлигаш кој може да „настрада“ поради политиката, откако британската влада изрази незадоволство откако газдата на Манчестер сити, Шеик Мансур се сретна со претседателот на Сирија, Башар Ал-Асад.

Според „Би-би-си“ првата посета на Асад на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) од почетокот на војната на Сирија, тој се сретна и со Мансур, кој е заменик премиер на државата. Британскиот Форин Офис оцени дека таквите средби „ги поткопуваат можностите“ за мир во Сирија.

Џонатан Харгривс, посебниот претставник на Обединетото Кралство за Сирија на Твитер ја критикуваше средбата, додека пратеникот на Лабуристичката партија, Крис Брајант побара Премиерлигата да оцени дали Мансур е „достоен да биде сопственик на фудбалски клуб во Англија“.

Претходно овој месец, Обединетите Арапски Емирати одбија да ја поддржат резолуцијата за осуда на руската инвазија на Украина во Обединетите Нации.

Scroll to Top