Џанлуиџи Буфон преку емотивна порака на социјалните мрежи се прости со Јувентус на последниот ден од неговиот договор со гигантот од Торино, порачувајќи дека никогаш нема да го заборави престојот во „старата дама“.
40-годишниот Буфон пред крајот на сезоната објави дека ќе замине од Јувентус и најверојатно продолжува во францускиот Пари Сен-Жермен, откако денеска на полноќ ќе заврши неговиот договор со Јувентус.
„17 години во бјанконеро завршува официјално денеска. 17 години пријатели, соиграчи, победи, порази, трофеи, зборови, лутина, разочарувања, среќа и многу, многу емоции. Никогаш нема да го заборавам тоа и секогаш ќе биде со мене“, пишува Буфон.
Џиџи дојде во Торино од Парма во 2001 година и изгради кариера на еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот. Тој официјално освои 9 титули во Серија А, четири од Копа Италија и една од Серија Б додека беше во Торино, а со Италија стана светски шампион во 2006 година.
Фото: ЕПА
17 anni in bianconero che si concludono ufficialmente oggi. 17 anni di amici, compagni, lacrime, vittorie, sconfitte, trofei, parole, rabbia, delusioni, felicità e tante, tantissime emozioni. Non dimenticherò mai nulla. Porterò sempre tutto con me. #FinoAllaFine pic.twitter.com/Qu1vb0UOH2
— Gianluigi Buffon (@gianluigibuffon) June 30, 2018