Лука Дончиќ ќе го пропушти натпреварот со Хјустон. Словенецот има повреда на скочниот зглоб.
Дончиќ, во понеделникот, одигра 38 минути во поразот од Минесота. Натпреварот го заврши со 15 поени и 10 асистенции. Сезонава има просек од 27,9 поени, 9 скока и 8,6 асистенции.
Покрај Дончиќ, мечот со Хјустон ќе го пропушти и Давис Бертанс. Летонец не играше и против Минесота.
Далас се петти на Западот со 44 победи и 28 порази. До крајот на регуларниот дел овој тим ќе одигра уште девет натпревари.