Top Sport

Јувентус влегува во трката за потписот на Салах

Мохамед Салах, кариерата би можел да ја продолжи во Јувентус, тврди „Газета дело Спорт“. Египќанецот досега не успеа да се договори со Ливерпул околу новиот договор, актуелниот му истекува во 2023 година.

Сепак, како што пишува во текстот на „Газета дело Спорт“, проблем за реализицијата на овој трансфер претставува платат што ја бара Салах, и покрај тоа што Јувентус по завршувањето на сезоната ќе ослободи место во буџетот.

На платниот список нема да бидат Паоло Дибала и Федерико Бернардески, а веројатно уште некој играч ќе го напушти тимот.

Салах во Ливерпул заработува 11.000.000 евра по сезона. Медиумите шпекулираат дека за да остане на „Енфилд“ бара дупло поголема плата.

Scroll to Top