Милан Шкринјар посакува кариерата да ја заврши во Интер. Слобакот има договор со Интер до јуни 2023 година, се надева дека клубот ќе му понуди нов договор.
Шкринјар, вчера, трет пат во кариерата ја доби наградата за најдобар словачки фудбалер.
За медиумите проговорил за желбите и шансите Интер да ја одбрани титулата.
„Малку сме назад на табелата во Серија А, се се уште сме тука, блиску до конкурентите. Се надевамд ека ќе се вратиме на победничките патеки. Ќе направиме се за да ја одбраниме титулата“, рекол Словакот.
„Мојот договор истекува наредната година, се надевам дека ќе останам подолго. Претпоставувам дека челниците се задоволни од мојата форма и дека ќе ми понудат нов договор“.
Шкринјар е играч на Интер од 2017 година, претходно играше за Сампдорија.